петок, мај 27, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинДоаѓа Range Rover Sport со 523 КС
spot_img

Доаѓа Range Rover Sport со 523 КС

Land Rover го претстави Range Rover Sport за 2023 година и најави дека ривалот на Porsche Cayenne ќе добие целосно електрична варијанта во 2024 година, со што ќе стане првото EV на марката.

Но, дури и без електричната верзија Range Rover Sport прави голем напредок во однос на својот претходник со нов 4,4-литарски V8 добиен од BMW и избор од две погонски единици PHEV кои можат да ве однесат до 113 км. на електричен погон. Третата генерација на Range Rover Sport позајмува стилски знаци и од неодамна претставениот постар брат Range Rover и од помалиот Evoque, вклучувајќи ултра тенки предни светла и рачки на вратите што излегуваат.

Внатре, патниците имаат зголемен простор за нозете, достапни седишта за масажа прилагодливи во 22 насоки, напреден систем за прочистување на воздухот, опционален 1.430 W, Meridian hifi со 29 звучници, 13,7 инчен екран со дигитална група инструменти. Голем дел од многуте гаџети на теренецот се контролираат преку 13.1 инчен заоблен Pivo Pro екран на допир, иако одлуката на Land Rover да го вклопи Amazon Alexa значи дека гласовната контрола всушност треба да работи подобро отколку кај многу автомобили.

Дизајнерски, постои јасна врска помеѓу ентериерите на моделот Sport и на Range Rover но инфозабавниот екран на Sport и конзолата под него се помалку исправени, создавајќи потсетник дека Sport е наменет да биде автомобил со перформанси. Дополнителното меѓуоскино растојание од 54 мм. го зголемува растојанието помеѓу тркалата на 2.977 мм. Како и Range Rover од 2022 година, и моделската 2023 е на платформата MLA-Flex на Land Rover, архитектура дизајнирана за EV, PHEV и благи хибридни возила и клучно оружје во планот на компанијата да претстави шест чисто електрични модели во следната четири години.

Сепак, од лансирањето, комбинацијата на бензин, дизел и plug-in хибридни опции на Sport ја нагласува желбата да се задоволат клиентите со потрадиционалниот погонски вкус. Добрата вест за возачите кои ја ценат механичката префинетост е тоа што четирицилиндричните мотори на стариот автомобил се отфрлени за линиски шести, со V8 достапен за оние што сакаат подобри перформанси.

Секој мотор ги придвижува сите четири тркала преку осум-брзински ZF автоматски менувач, иако Интелигентниот систем за погон на сите тркала може да ја раздвои предната оска за да ја подобри ефикасноста кога ќе почувствува дека има доволно стисок за да се справи со погонот на две тркала.

Range Rover Sport го позајмува 4,4-литарски мотор од BMW V8 за да го напојува својот врвен P530. Иако P510e е за 70 КС помоќен од P440e, и двата го користат истиот пакет од 3,0 литри Ingenium и 38,2 kWh. P440e носи импресивни 114 км. во WLTP електричен опсег на возење, а P510 е позади со 113 км.

моделмоторсила вртеж. мом. цена (фунти)
P360Mild-Hybrid Turbo 3.0L I6264 KW500 NM79.125
P400Mild-Hybrid Turbo 3.0L I6294 KW550 NM86.195
P530Twin-Turbo 4.4L V8390 KW750 NM114.990
P440ePlug-In Hybrid Turbo 3.0L I6323 KW620 NM83.330
P510ePlug-In Hybrid Turbo 3.0L I6375 KW700 NM107.400
D250Mild-Hybrid Turbo 3.0L I6183 KW600 NM/
D300Mild-Hybrid Turbo 3.0L I6221 KW650 NM79.125
D350Mild-Hybrid Turbo 3.0L I6257 KW700 NM98.045

За малкумината сопственици што ќе залутаат предалеку од асфалтниот терен Land Rover тврди дека новиот систем за воздушно потпирање и управувањето на задните тркала што ги подобрува манирите на возење на улица многу ќе им помагне. Заштитниот знак на компанијата Terrain Response контролерот се враќа, но овој пат му се придружи нов систем за контрола на патувањето надвор од патот што го следи навалувањето, тркалањето, и соодветно ја прилагодува брзината на возилото. Има и Wade режим кој ја поставува висината на возењето на максимум и автоматски ги затвора отворите во кабината за да ви овозможи да ползите низ вода длабочина до 900 мм.

Моделот може да се порачува, а првите испораки се планирани за септември.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ