четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонскa
spot_img

Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонскa

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, се вели во денешното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија.

Во него е посочено дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. „Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија), како што нејзиниот Претстојател писмено ѝ вети на Вселенската Патријаршија, која не го употребува терминот „Македонска“, или друга изведенка од зборот „Македонија“, се вели во соопштението.

Во него е наведено дека Вселенската патријаршија продолжува да се интересира за растењето, напредокот и благосостојбата на оваа црковна целина на Охрид, како што и правела низ вековите за сите помесни православни цркви.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ