среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаСветРусија денеска го слави Денот на победата над фашизмот – светот во...
spot_img

Русија денеска го слави Денот на победата над фашизмот – светот во исчекување на говорот на Путин и парадата во Москва

Русија денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот и 77 години од победата во Втората светскат војна во која тогашниот СССР загуби 27 милиони луѓе од кои 14 милиони беа цивили.

Прославата ќе биде на традиционален начин – со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва која, сепак, ќе биде во специфични околности поради инвазијата врз Украина што почна на 24 февруари. Затоа и годинашната Парада на победата во Москва и обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин се очекуваат со особено внимание.

Западните медиуми шпекулираат што би можело да се случи денеска, па одат од крајност во крајност – од тоа дека целта на Москва е да го заврши конфликтот во Украина до Денот на победата до можноста Путин да прогласи војна во Украина и да објави општа мобилизација во земјата.

Паради, покрај во Москва, ќе се одржат во уште 28 градови и во нив ќе учествуваат 65.000 лица, 2.400 вооружени единици и над 460 авиони. Низ Црвениот плоштад ќе продефилираат 11.000 војници и 131 вооружена единица додека над руската престолнина ќе летаат 77 авиони и хеликоптери.

Парадата на победата во ерата на СССР се одржуваше само на јубилејни годишнини, а од 1995 година се организира секоја година. Меѓу гостите во ВИП ложата овојпат ќе нема странски претставници што од Кремљ го објаснуваат дека не станува збор за јубилеј.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ