петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЈасни знаци што ви ги дава телото дека итно треба да почнете...
spot_img

Јасни знаци што ви ги дава телото дека итно треба да почнете со вежбање

Седечкиот начин на живот води до тоа нашето тело само да ни сигнализира дека е време да започнеме да се движиме.

Сите знаеме дека треба да се храниме здраво и урамнотежено и да вежбаме, но секогаш е тешко да се започне, а уште потешко во изминатата година и половина помината во пандемија.

Сепак, треба да се движиме и по некое време телото само ќе почне да го бара тоа од нас. Ова се само некои од знаците што вашето тело ви ги дава кога сака да сигнализира дека итно треба да почнете со вежбање.

Лошо спиете

Ако внесувате значителна количина кофеин во текот на денот и сѐ уште сте поспани, тоа може да значи дека не спиете добро. Причината, сепак, може да биде недоволно движење. Имено, доколку не се движите, не го заморувате телото доволно во текот на денот. Ако, пак, вашето тело е доволно уморно, ќе заспиете полесно и ќе спиете без да се будите во текот на ноќта.

Висок притисок

Без разлика дали сте биле дијагностицирани или сте се измериле дома, високиот крвен притисок треба да се сфати сериозно. Се намалува со зајакнување на срцевиот мускул, и токму тоа го прави вежбањето.

Ве боли долниот дел на грбот

Ако немате друга дијагноза за болката во грбот, причината може да биде недостаток на движење. Вежбањето ќе ги зајакне мускулите кои потоа полесно ќе го поддржат ‘рбетот.

Постојано сте гладни

Ако не се движите, вашето тело не треба да бара толку многу храна, но вие сте постојано гладни. Ова може да значи дека вашето тело произведува премногу од хормонот кој е одговорен за чувство на глад. Едно истражување покажа дека вежбањето може да го намали апетитот бидејќи го намалува нивото на тој хормон.

Запек

За редовно празнење на цревата, треба и редовно да вежбате бидејќи кога не се движите, дури и вашите црева немаат толку голема потреба да се движат и да ја вршат својата работа.

Се задишувате после малку качување по скали

Ако сте направиле пауза од вежбање неколку месеци, но сепак верувате дека сте во форма, качете се по скали. Ако се задишете по неколку чекори, време е повторно да почнете со вежбање.

Зглобовите ви сечинат вкочанети

Ако чувствувате дека вратот ви е вкочанет или дека колената не ви се толку подвижни како порано, тоа не мора да значи дека стареете, туку дека треба повторно да започнете да се движите.

Седите подгрбавени

Ако се фаќате дека одвреме-навреме сте подгрбавени додека седите на работната маса, тоа може да биде знак дека е време за вежбање. Имено, ако не вежбаме, стомачните мускули слабеат и едноставно не можеме да помогнеме да се одржи правилното држење како што треба.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ