четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЕдна држава од регионот избрана за најдобра земја на светот за авантуристи
spot_img

Една држава од регионот избрана за најдобра земја на светот за авантуристи

Во последните 2 години повеќе престојувавме во затворен простор и помалку патувавме, па многу од нас копнеат по возбудата која се крие во истражувањето на нови локации.

Доколку не сте личност која сака да се излежува на плажа, постојат многу различни начини за испробување нешто ново. Без разлика дали повеќе сакате водени активности како кајакарење и сурфање или сакате да испробате адреналински спортови во воздух, постојат цела низа активности кои можете да ги направите.

Новото истражување на компанијата „Superdry“ открило кои земји ширум светот се најдобри за авантуристички патувања, а Хрватска, Израел и Хонгконг се прогласени за 3 најдобри дестинации совршени за зависниците од адреналин.

Истражувањето анализирало 99 земји во однос на низа различни фактори како планинарење, кампување, сурфање, качување по карпи, пловење со кајак и бројот на национални паркови во секоја земја. На крајот била добиена конечна оцена за „авантури на отворено“ и со тоа биле рангирани најдобрите дестинации за оние кои сакаат активен одмор.

Хрватска се наоѓа на врвот на листата како светска престолнина на авантуристичките патувања. Со оцена 81,4 од вкупно 100, оваа земја може да се пофали со прекрасни крајбрежја и бројни национални паркови, како и можноста за уживање во кајакарење, качување по карпи и планинарење.

Како што пишува „Travel Daily News“, Хрватска е особено позната по можноста за качување по карпи. Едно од подрачјата за оваа активност е Националниот парк Пакленица бидејќи нуди патеки за почетници и попредизвикувачки опции за оние со повеќе искуство. Освен качување по карпи, Хрватска исто така има одлични места за кајак тури, прекрасни прошетки и кампови со импресивен поглед во кои со задоволство ќе се будите итн.

По Хрватска, на листата се наоѓаат Израел, Хонгконг, Велика Британија и Сингапур кои влегуваат во првите 5 дестинации, секоја со вкупен резултат над 77.

Од 20 дестинации за авантуристи, дури 15 се наоѓаат во Европа, така што може да се каже дека овој континент доминира.

Освен Хрватска, на листата се наоѓаат уште две земји од регионот – Црна Гора на 13-то место и Словенија на 16-то место.

Целата листа изгледа вака:

1. Хрватска – 81,6

2. Израел – 80,6

3. Хонгконг – 78,7

4. Велика Британија – 78,3

5. Сингапур – 77,6

6. Костарика – 76,6

7. Швајцарија – 73,7

8. Австрија – 73,3

9. Ирска – 73,3

10. Германија – 73,3

11. Кипар – 72,7

12. Грција – 71,9

13. Црна Гора – 71,6

14. Италија – 71,4

15. Холандија – 70,0

16. Словенија – 69,6

17. Тајланд – 69,4

18. Белгија – 69,0

19. Данска – 67,3

20. Франција – 67,3

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ