петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаСпортНавивачот кој со албанско знаме втрча на „Сантјаго Бернабеу“ бил од –...
spot_img

Навивачот кој со албанско знаме втрча на „Сантјаго Бернабеу“ бил од – Скопје (ФОТО)

Синоќешната полуфинална реванш-пресметка од Лигата на шампионите (ЛШ) помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (3-1) беше на момент прекината на стартот од продолженијата, откако навивач втрча на теренот веејќи албанско знаме, по што го гушна бензема пред да биде „уловен“ од обезбедувањето на теренот.

Медиумите на албански јазик во Македонија денеска откриваат информација дека човекот што втрча на „Сантијаго Бернабеу“ се викал Агими и бил скопјанец, кој во моментов работел во Франкфурт.

Неговото втрчување стана „повредно“ со оглед на историскиот пресврт што се случи во последните минути, кога Родриго ги врати „кралевите“ од мртвите и им го трасира патот кон финалето, кое беше потврдено токму од Бензема со гол од пенал во првото продолжение.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ