Кристина Ампева од “Гласен текстилец”, на својот Фејсбук профил „распали“ кон штипските газди, споственици на текстилните конфекции.
Ампева откри дека според нивни сознанија поголем дел од конфекциите во Штип ќе работат и утре, на 1 Мај, денот на трудот.
„Врв на безобразлук е, море газди, да не го испочитувате празникот, еден , еднаш , ден на трудот , и во понеделник да ги терате да ви дојдат на работа. И после ќе кукате нема млади, нема работници, нема кој да работи. Од таквите ко вас ни се исели и старо и младо. И ради политичарите секако што ви тераат ќеифови више од 3 декади. Срам и арам да ви е. Затоа кога ме правите луда, бабарога, па сум зборела, та лош углед сте имале од мене, абе мака немам. Ќе работите на крај фамилијарно. Оти ќе нема кој. Пс. Секоја чест на исклучоци, кои секогаш ги потенцирам и си ги издвојувам како добри примери на работодавачи, а не овакви покондурени“, истакна Ампева.