петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСекој четврти пензионер има пензија помала од 12.800 денари
spot_img

Секој четврти пензионер има пензија помала од 12.800 денари

Промена на формулата за усогласување на пензиите и поставување таргет за минимална пензија, предлага универзитетската професорка Јадранка Мршиќ.

Најниските пензии, во зависност од годината на пензионирањето, се движат од 9.986 до 12.800 денари, а нив ги земаат дури 80.809 пензионери, односно секој четврти пензионер. Зголемувањето на минималните пензии со јануарското индексирање со трошоците за живот од 2,9 проценти, на овие пензионери во просек ќе им донесе по 304 денари. Но, на оние со највисоката пензија од 57.992 денари (ги има 63 пензионери) ќе им донесе по 1.682 денари.

Пензионерите бурно реагираа на социјалните мрежи велејќи дека со пораст на пензиите за 300-400 денари, нема воопшто да им се подобри стандардот, дека живеат мизерно и дека е неопходно да се коригираат најниските пензии. И Партијата на пензионери во повеќе наврати потенцираше дека пензискиот стандард е многу низок и дека мора нешто да се преземе. Оттаму информираа дека се во преговори со Владата во врска со промената на формулата по која се врши усогласувањето на пензиите. Според сегашната регулатива, во јануари и во јули пензиите се коригираат со процентот на инфлација, а партијата бара тоа да биде и со порастот на плати. Исто така, оттаму посочија дека се во преговори во најскоро време да има и дополнително зголемување на пензиите, а такво ветување даде и премиерот Димитар Ковачевски.

Дали има лек за нискиот пензиски стандард, разговаравме со универзитетската професорка Јадранка Мршиќ, која исто така смета дека е неопходно да се промени формулата за усогласување на пензиите, но и да има постепени зголемувања само на најниските пензии.

Таа објаснува дека сегашниот тренд во Европа на креаторите на долгорочните пензиски политики е свртување кон адекватноста на пензиите, за разлика од порано кога беа свртени кон одржливоста на пензискиот систем.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ