сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЗаминувањето на младите во странство предизвика проблем за Клинчиката болница во Штип:...
spot_img

Заминувањето на младите во странство предизвика проблем за Клинчиката болница во Штип: Се бара персонал за работа, но лекари речиси и да нема!

Лекари и медицински сестри заминуваат во пензија, а веќе втора година нивните испразнети места не се пополнуваат во штипската Клиничка болница, која е регионален центар и опслужува околу 250.000 пациенти од два региони.

Директорот на болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека лани заради пандемијата не добиле согласност за вработување на медицински кадар, на почетокот на оваа година од Министерството за финансии побарале согласност за вработување на осум лекари и седум медицински сестри.

Заминувањето на младите во странство очигледно предизвика проблем за Клинчиката болница во Штип. Се бара персонал за работа, но лекари речиси и да нема!

Медицински сестри се потребни на речиси сите одделенија, додека млади лекари во Анезтезиологија, Ортопедија, Хирургија и Очно. Пополнувањето на овие места е со цел да се одобрат и нови специјализации за одделенијата, кои може да останат со неколкумина лекари.

Дополнителен проблем на болниците низ земјава им се сметките за струја, а на кои приватните добавувачи еднострано им ги раскинаа договорите. Штипската болница кон ЕВН за февруари и март има долг од околу 10 милиони денари, а лани за 12 месеци потрошила и платила за струја девет милиони денари.

Сега се чека новата сметката за април, по новиот склучен договор со приватниот добавувач. Пандемијата ги истошти регионалните болници и клиники низ земјава и за две и пол години битка со коронавирусот долгот им достигна 95 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ