Македонија вечерва го игра реваншот од бараж двомечот со Чешка за пласман на СП 2023, дуел што ќе остане запамеетен како последен во репрезентативните кариери на Кире Лазаров и на Филип Миркуловски.
Кире Лазаров веќе една година паралелно ги извршува селекторската и играчката улога, но вечерва за последен пат ќе го облече црвено-жолтиот дрес на Македонија, со надеж дека ќе ја одведе националната селекција на уште едно големо натпреварување.
„Јавна тајна“ е дека на почетоците на кариерата Лазаров добиваше „непристојни понуди“ да се откаже од Македонија и да заигра за Унгарија и за Хрватска, но Кире секогаш остана верен на татковината.
Првиот официјален меч на кој Кире Лазаров настапи за македонската репрезентација е дуелот со Белгија од 23 септември 1998 година, кога „црвено-жолтите“ славеа со убедливи 29-15 и се пласираа на СП во Египет. Нецели 24 години подоцна, тој вечерва за пследен пат ќе ја предводи Македонија на теренот… а сигурно ќе продолжи уште долго како селектор.