петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВременска прогноза: Зима среде пролет, денеска не очекува и дожд и снег!
spot_img

Временска прогноза: Зима среде пролет, денеска не очекува и дожд и снег!

Времето денеска ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од четири до девет, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. И во понеделник ќе се задржи значително постудено време со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ