сабота, декември 10, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинДоаѓаат значителни подобрувања во iOS 16
spot_img

Доаѓаат значителни подобрувања во iOS 16

Следната голема верзија на оперативниот систем iOS на Apple би можела да имплементира „значителни подобрувања“, според аналитичарите на Bloomberg.

Марк Гурман, во својата последна анализа, истакнува дека очекува iOS 16 да има ажурирање за известувања, како и нов сет на функции поврзани со следење на здравствените параметри.

Сепак, оние кои можеби очекуваа да го видат редизајнот на iOS, ќе бидат разочарани бидејќи наводно не е во планот за оваа верзија на платформата.

„Не очекувам целосен редизајн на интерфејсот на iOS, иако нема големи промени на ова поле од верзијата на iOS 7, која беше објавена пред речиси 10 години“, истакнува Гурман.

Засега нема многу информации за плановите на Apple, кога се во прашање останатите платформи на компанијата, како watchOS и macOS.

Apple ќе ја лансира својата размена на оперативни системи (iOS 16, watchOS 9 и macOS) за време на конференцијата WWDC 2022, која ќе се одржи од 6 јуни оваа година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ