четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБез мито нема ниту „добар ден“: Уапсен началникот што бараше пари за...
spot_img

Без мито нема ниту „добар ден“: Уапсен началникот што бараше пари за вршење услуги, но што останува со останатите „крлежи“ кои цицаат невин народ!?

Уапсен е началник на смена на граничниот премин Блаце кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патници кои влегуваат во Македонија, потврди заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21.

Станува збор за лицето Е.Ш од Скопје, началник на смена на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, додека вториот полицаец кој се појавува на видеото, според телевизијата, е З.Р.

Скандалот го откри бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници. Тој го обзнани случајот во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан за притисокот што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува на граница.

Откако видеото стана вирално на социјалните мрежи, протекоа стотици коментари од граѓаните на Македонија со споделени лични искуства за изнуда на мито.

Македонија е во очај веќе одамна и долго е на питачки стап, па ваквите потези од оние што земаат пари од буџетот на државата уште повеќе го дразнува обичниот наорд.

Факт е дека овој пример не е единствен, а уште по тажно е што народот повеќе нема доверба во инситуциите на државата дека нешто може да биде променето и подобрено.

До кога „крлежите“ ќе ја цицаат и онака „исушената“ кожа на македонскиот народ!?

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ