четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСпортЕден поинаков Штип: Ново Село доби спортско рекреативен центар (ФОТО)
spot_img

Еден поинаков Штип: Ново Село доби спортско рекреативен центар (ФОТО)

Денес градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и официјално го отвори спортско рекреативниот центар во Ново Село, Штип.

Станува збор за мултифункционално игралиште со неколку детски реквизити, катче наменето за рекреација и спортски развој на најмладите.

Овој центар е во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Јорданов изјави дека целосниот прокет ја чинел Општината два милиони денари, пари издвоени од буџетот на граѓаните. Воедно, тој најави дека и сите останати спортски игралишта во Штип ќе доживеат целосна реконструкција, со специјална подлога.

На овој настан беа присутни и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски заедно со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ