четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеЕвтина и совршена намирница за намалување на холестеролот
spot_img

Евтина и совршена намирница за намалување на холестеролот

Количината на холестерол што една личност ќе ја произведе зависи од исхраната. Сепак, една храна која секогаш можеме да ја купиме во здрава храна се покажа како одлична за намалување на холестеролот.

Холестеролот му е потребен на нашето тело во одредени количини. Тој игра важна улога во процесот на варење, производство на хормони и витамин Д. Холестеролот главно се наоѓа во храната од животинско потекло, но и во нашите клетки.

Но, доколку ги надмине дозволените вредности, може да биде исклучително опасно за нашето здравје. Вишокот холестерол има тенденција да се залепи на внатрешните ѕидови на крвните садови, што може да предизвика болести како што се мозочен удар, висок крвен притисок, атеросклероза, срцеви заболувања, болести на бубрезите итн.

Холестеролот се произведува во црниот дроб, а неговата концентрација во крвта најмногу е поврзана со исхраната.

Зголеменото ниво на ЛДЛ холестерол најмногу е предизвикано од неправилна исхрана и стрес, додека покачениот ХДЛ е главно показател за заштита од кардиоваскуларни болести.

Една храна се покажала како особено важна кога станува збор за намалување на лошиот холестерол. Британската здравствена организација ја нарече „совршена храна“ за здрави крвни садови. Тоа е соја.

Неодамнешните студии покажаа дека сојата може да го намали нивото на лошиот холестерол за 3%! Овој процент можеби ви изгледа занемарлив, но е исклучително важен за нашето тело.

Научното списание „Д журнал оф нутришн“ ги објави резултатите од ова истражување во 2019 година. Имено, внесувањето на 25 грама дневно од оваа храна за шест недели може да го намали лошиот холестерол во крвта за 3 до 4%.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ