петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаГОСПОД КАЗНУВА, А НЕ ТИ: Драма во судницата, Боки 13 ја нарече...
spot_img

ГОСПОД КАЗНУВА, А НЕ ТИ: Драма во судницата, Боки 13 ја нарече судијката слуга на Заев – таа го исфрли надвор (ВИДЕО)

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.

Бојан Јовановски за време на изрекувањето на пресудата и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на експремиерот Зоран Заев.

Тој беше револтиран од моментот кога судијката убедуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа: „Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.

„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ