четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕД ШТРАЈК: Се бара линеарно покачување на платите, Владата и...
spot_img

МАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕД ШТРАЈК: Се бара линеарно покачување на платите, Владата и Управниот одбор глуви, граѓаните нема да можат да плаќаат сметки!

Претседателот на Синдикатот на „Македонска пошта“ Боро Велигденов во изјава за КУРИР вели дека вчера по состанокот на двата синдиката во Македонска пошта ќе излезат на заеднички штајк.

Над 1.000 вработени лица во Македонски пошти наскоро ќе започнат штрајк доколку Управниот одбор и владата не ги исполнат нивните барања за линеарно покачување на платите во износ од три илјади денари подеднакво за сите вработени.

Вработено лице во една од многуте пошти во земјава во изјава за КУРИР вели дека дефинитивно ќе стапат во штрајк доколку владата и овој пат остане нема на нивните барања.

-Платите се мизерни и не се покачени со години, бараме покачување кое е нужно во ова време кога се е покачено, од цените во маркетите, до горивата, па се до кризата и војната која се случува во Европа. Се надеваме дека овие барања на нашите синдикални здруженија ќе родат со плод, ако не за 10 дена колку што е законскиот рок почнувајќи од денес ние стапуваме во штрајк, вели нашиот добро упатен извор вработен во Македонска пошта.

Претседателот на Синдикатот на „Македонска пошта“ Боро Велигденов во изјава за КУРИР вели дека вчера по состанокот на двата синдиката во Македонска пошта ќе излезат на заеднички штајк.

-Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги по истекот на овој даден рок од десет дена, т.е од 14 април, доколку не се исполнат нашите барање, Македонска пошта започнува штрајк. Ние како синдикат бараме линеарно зголемување на платите во Македонски пошти со што сите вработени ќе добијат по три илјади денари покачување на својата плата. Платите во пошта не се променети 32 години и истите се од стариот систем, па поради покачувањето на минималната плата и зголемувањето на трошоците за живот, бараме подеднакво покачување за сите вработени, вели Велигденов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ