четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризираноЦелосно е уништен рускиот конвој тенкови, тела се расфрлани на патот (Вознемирувачко...
spot_img

Целосно е уништен рускиот конвој тенкови, тела се расфрлани на патот (Вознемирувачко видео)

Воени експерти велат дека станува збор за колона од оклопни возила долга 27 километри која станала лесна цел за украинската армија.

Фотографиите направени во градот Бача, 24 километри северозападно од Киев, ги покажуваат крвавите последици од една од најбруталните заседи во оваа еднонеделна војна, пишува Телеграф.

На видеата снимени од мобилни телефони се гледаат остатоци од тенкови и други оклопни возила. Во реонот на градот Бача уништени се околу 15 тенкови, како и голем дел на улиците. Во експлозиите исчезнаа дрвја и куќи покрај патот. Некои снимки покажуваат тела на руски војници.

„Погледнете што ми направија дома, но ние така возвративме и сега од нив остана само резервни делови“, изјавил жител.

Оваа победа ја прослави градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, иако местото е уништено.

„Вооружените сили на Украина ја запреа непријателската колона. Ова се резултатите од нивната инвазија и одговорот на нашите вооружени сили. За жал, оштетени се и куќи, но ние повторно ќе ги изградиме. Им посакуваме се` најдобро на нашите вооружени сили кои одлично си ја завршија работата“, објавил Федорук.

По патот од Буча, на мостот кон Киев украинските сили уништија уште еден руски конвој со противтенковски ракети што им ги доставил Западот. Уништена е руска колона возила, а покрај патот можат да се видат трупови.

Рускиот конвој што се заглавил на пат кон Киев превезувал војници и опрема. Американската технолошка компанија прва го снимила преку сателит. Во неделата, конвојот се протегаше на околу 6 километри, а набрзо порасна на 27. Бил толку долг што сателитите не можеле да го фатат со една снимка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ