петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеСреќен Меѓународен Ден на Кохлеарниот Имплант!!!
spot_img

Среќен Меѓународен Ден на Кохлеарниот Имплант!!!

Секој родител сака неговото дете да се развие со цел негов потенцијал. Ако родителот открие дека неговото дете не слуша, делува поразувачки. Но, добра вест е што има решение. Со вистински третман рано во животот, повеќето од децата што се глуви имаат можност да слушаат и да се развиваат нормално. Дури и децата со тотална глувост можат да се вклучат во општеството што слуша, да одат во нормално училиште, да читаат, зборуваат, користат телефон и да уживаат во музиката.

Слухот е важен за развојот на детето

Раната интервенција е најважната работа што може да се направи за глувото дете. Слушањето е круцијално за развој на говорот и говорните вештини. Дури и минимален губиток на слух може да доведе до проблеми со однесувањето и учењето кои можат да го лимитираат детето. Колку порано детето почне да слуша и да зборува, веројатноста да ги надмине пречките на загуба на слух е поголема. Со вградување кохлеарен имплант, детето веднаш ќе ги почувствува предностите. Многу студии покажуваат дека колку се помлади децата, се постигнуваат подобри резултати. Најдобар период за имплантација е до две години за детето да има време да го развие јазикот и говорот со цел свој потенцијал. Д–р Македонка Гарванлиева Николова, оториноларинголог, советува рано да се реагира и рано да се донесе одлука за поставување кохлеарен имплант.

Како функционира слухот?
За да се сфати како функционира кохлеарниот имплант, мора да се сфати како функционира начинот на слушање.

  • Звукот патува како звучен бран, кој се движи низ ушниот канал и удира во слушното тапанче.
  • Звучните бранови предизвикуваат вибрирање на тапанчето, кое, пак, ги придвижува и слушните ковчиња во средното уво.
  • Овие движења ја придвижуваат течноста во внатрешното уво и ги стимулираат сензорните клетки на кохлеата. Кохлеата е дел од внатрешното уво кое веќе разликува различни фреквенции на звук.
  • Сензорните клетки од кохлеата ги претвораат механичките вибрации во електрични импулси кои преку слушниот нерв стигаат до мозокот, кој ги перципира како звук.

Што се кохлеарни импланти?
Кохлеарниот имплант е електронско медицинско помагало кое ја заменува функцијата на оштетената кохлеа. За разлика од слушните апарати кои ја зголемуваат јачината на звукот, кохлеарниот имплант ја заменува функцијата на кохлеата и процесира сигнали до мозокот. Кај некого може да се имплантираат и двете уши бидејќи слушањето на две уши ја подобрува функцијата на локализација на звукот и слушањето во бучна средина е подобро. „Се состои од два дела – надворешен и внатрешен хируршки имплантибилен дел. Надворешниот дел преку микрофон и процесор ги собира и селектира релевантните звуци и ги пренесува во внатрешниот дел конвертирани во електрични сигнали преку електрода која го стимулира слушниот нерв кои потоа се пренесуваат во мозокот кој ги перцепира како звуци“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ