четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотСе роди девојче на 22 февруари, 2022 година, во два часот и...
spot_img

Се роди девојче на 22 февруари, 2022 година, во два часот и две минути попладне

Двојка од САД засекогаш ќе го памети вчерашниот ден бидејќи на свет дојде нивната ќерка Руби. И не само тоа – освен што е родена на 22 февруари во 2022 година, малата Руби се родила во два часот и две минути попладне.

Дека животот на Руби де факто е одбележан со број 2, говори и тоа што на тој ден таа било второто бебе родено во болницата и е второ е дете на нејзините родители.

Американските медиуми пренесуваат дека и мајката и бебето добро закрепнуваат, а болницата на нивниот официјален фејсбук-профил веднаш се пофали со веста за малата Руби.

Вчерашниот датум беше редок палиндром со осум цифри, односно број што се чита исто и од лево и од десно. Бидејќи бројот 2 ја симболизира хармонијата во нумерологијата, важно е да се прифатат двојните енергии.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ