Дуа Липа, британска пејачка по потекло од Косово, одржа концерт во Филаделфија во рамките на турнејата „The Future Nostalgia“, каде воодушеви со својот изглед и кореографија.
Дуа избра неколку комбинации за својот настап во Филаделфија, прво се појави во светки, а потоа во провокативен црн костим.
Пејачката приреди вистински спектакл за публиката, а во еден момент се најде на подвижна платформа над публиката.
На почетокот на 2021 година, Липа го издаде новиот албум „Future Nostalgia: Moonlight Edition“ што е втората верзија на албумот „Future Nostalgia“ што Дуа го издаде во март 2020 година.