вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОва е точниот број на Македонци кои извадиле бугарски пасоши во последните...
spot_img

Ова е точниот број на Македонци кои извадиле бугарски пасоши во последните 15 години 

Колку што трае неизвесноста за отпочување на преговорите со ЕУ, толку се зголемува бројот на Македонците што бараат бугарски пасоши. Македонците не ги спречуваше ни короната ни постојаните негирања на нивниот идентитет од страна на официјална Софија, во истото време кога овде политички се зголемуваа патриотските влогови, пишува весникот Независен.

Според податоците на бугарското министерство за правда дадени за агенцијата Бгнес во последните три години нагло се зголемил бројот на Македонците кои станале бугарски државјани. Само во 2020 година, според овие податоци, нивниот број е над 9.000 луѓе, а во 2021 година бил 7.692. Оваа бројка за 2021 е половина од сите 15.167 лица кои минатата година добиле бугарско државјанство.

Во последните 15 години, откако Бугарија е членка на ЕУ, 86.566 Македонци извадиле бугарски пасоши. Тоа е половина од сите граѓани на други држави што добиле што добиле бугарско државјанство – 162.865 лица. Македонските Бугари се повеќе од три пати повеќе од претставниците на следната земја на листата – Молдавија. Во минатата година, сепак малку паднал бројот на оние македонски граѓани што поднеле молби за добивање бугарско државјанство. Нивниот број изнесува 3.447.

Во Молдавија има значајно бугарско малцинство чии претци се преселиле во овој дел на Европа кон крајот на 18. и почетокот на 19. век. Сега има неколку града каде Бугарите таму го сочинуваат мнозинството. Во оваа поранешна советска република има 26.161 жители со бугарски пасоши. И на Украинци се делат бугарски пасоши – досега 14.391.

Политиката на Софија и нејзиното тврдење дека македонското малцинство во Албанија, всушност е бугарско има резулатати – 5.732 албански граѓани добиле бугарски пасоши. И од Србија се стекнуваат со бугарски пасоши – 9.494 нејзини граѓани добиле бугарски пасоши во последните 15 години, главно од регионите на Босилеград и Димитровград. Бугарски пасоши добивале и Руси, Израелци, Турци, Ерменци…

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ