четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинПродажбата на електрични автомобили во Кина скокна за 132 отсто
spot_img

Продажбата на електрични автомобили во Кина скокна за 132 отсто

Малопродажбата на електрични автомобили во Кина пораснала за 132 отсто во јануари во споредба со јануари минатата година, објави кинеската медиумска групација (CMG), цитирајќи нови податоци од индустријата.

Со продадени 347.000 електрични автомобили, обемот и понатаму е за 27 отсто помал од декември, покажуваат податоците на кинеската асоцијација за патнички автомобили.

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla продаде 59.845 возила произведени во Кина во јануари, додека кинескиот производител на автомобили BYD продаде 93.101 електрични автомобили во истиот месец.

Здружението истакна дека компаниите за електрични автомобили се соочуваат со притисок на трошоците бидејќи субвенциите се намалени, додека има нагло зголемување на цената на суровините како што е литиумот.

Вкупната продажба на патнички автомобили на мало достигна 2,09 милиони единици во јануари, што е за 4,4 отсто помалку од претходната година, според Здружението.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ