13.8 C
Shtip
spot_img

Растат трошоците за живот

4% раст на трошоците за живот во април споредбено со истиот месец лани, пресмета Државниот завод за статистика. Цените на мало, пак, се зголемиле за три и пол отсто. Инфлацијата во однос на март, според статистика, изнесува 0.7%.

„Зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт, комуникации, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки, рекреација и култура, ресторани и хотели, разновидни стоки и услуги и здравје“

Од агро-бинзис комората велат цените ќе бидат стабилни во наредните месец до два, но турбуленциите на блискиот исток се неизвесни и можат да ја покачат цената на нафтата. А поскапа нафта, значи и поскапи суровини.

„Од агро-бизнис комората тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни прехранбени производи како житото, пекарските производи. Големиот притисок и проблеми кои ги имаме се од друга природа, можеме да ги истакнеме и во овој момент, тоа се проблемите со човечките ресурси. Големиот одлив на човечки ресурси, посебно во овој сегмент што работат, кон западните земји како и кон туристичките земји како што Хрватска, Грција и другите земји. Имавме и покачување на минималната плата и сето тоа одразува да таму имаат поголеми трошоци компаниите отколку во однос на цените на суровините кои во овој момент имаат стабилна вредност“ – Горан Ѓорѓиевски, претседател на агро-бизнис комора

Втор месец по ред пораст има и кај светските цени на храната. Зголемувањето најмногу се должи на поскапувањето на месото, маслото и житариците.

Потрошувачката кошничка во земјава надмина 60 илјади денари за минатиот месец и тоа за покривање само на најосновните животни потреби.

━ повеќе содржини

Уапсени двајца украински полковници кои сакале да го убијат Зеленски, по инструкции на руските специјални служби

Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДБ), кои заедно со уште тројца обвинети беа осомничени дека...

Штип како град на спортот, максимално вложува да обезбеди подобри услови

Изминатата недела беше доста успешна за многу наши спортисти и спортски колективи. По тој повод градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, оствари средби со младите таленти...

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа ќе бидат насочени во Париз, каде ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе...

Венеција заработи речиси милион евра со наплата на влезници во градот за само 11 дена

Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975.000 евра во првите 11 дена од пробниот период. Билетот...

Хороскопски знаци на кои сѐ ќе им оди добро во мај

По хаосот на сезоната на Овен, доаѓа прекрасната сензуалност на сезоната на Бик (20 април – 20 мај), која не кани да забавиме и...
spot_img