петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Очекуваме увоз на работна сила во државата 
spot_img

Ковачевски: Очекуваме увоз на работна сила во државата 

80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард.

Веднаш по објавувањето на оваа нова владина одлука нашиот премиер Димитар Ковачевски истакна дека Македонија станува посакувана печалбарска дестинација.

Ковачевски најави дека за само еден час откако е донесена одлука за покачување на платата на 18 000 денари и брзиот раст на економијата 

ќе почнеме да увезуваме работна сила, првиот контингент работници се наоѓа на јужната граница.

Од извори блиски до агенцијата за вработување дознаваме дека нивните служби се на терен и привршуваат со петтата кафе пауза, после што следи втората пауза за ручек и веднаш после неа, ако не заврши работното време, ќе почнат да ги попишуваат работниците и ќе ги распределат на нивните нови работни места.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ